Home Спорт Видео: Жиру и Мората го однесоа Челзи во финале!

Видео: Жиру и Мората го однесоа Челзи во финале!

Екипата на Челзи закажа финале со Манчестер Јунајтед во ФА Купот, откако го совлада Саутемптон со 2:0.

Во првото полувреме освен пречката на Вилијан во седмата минута, немаше многу возбудувања, па на одмор се замина со резултат 0:0.

На самиот старт на второто полувреме Жиру постигна прекрасен гол, вистинска бравура на мал простор за 1:0.

Конечниот резултат го постави Алваро Мората во 82-та минута од средбата. Шпанецот доби одлична топка од неговиот сонародник, Аспиликуета, и без проблем со глава ја заби во голот на „светците“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…