Home Спорт Контроверзниот Раиола го договори трансферот на Донарума – еве каде ќе брани тој

Контроверзниот Раиола го договори трансферот на Донарума – еве каде ќе брани тој

Контроверзниот спортски менаџер Мино Раиола, конечно успеа да ја оствари целта и го договори трансферот на голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума.

Раиола и 19-годишниот чувар на мрежата не се омилени ликови меѓу навивачите, но и раководството на „Росонерите“.

Долго се зборуваше за неговото заминување од „Сан Сиро“, а тоа на крајот од ова лето ќе се случи.

Донарума би требало да стане нов член на француски ПСЖ. Како што наведува Франс Фудбал, Раиола договори се со ПСЖ кој за услугите на младиот голман ќе исплати на Милан околу 60 милиони евра.

Него на голот на Милан ќе го замени Пепе Реина со кој веќе е постигнат договор и кој ќе се придружи на Милан како слободен играч од Наполи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…