Home Спорт Сега сите го сакаат Реал во полуфинале – еве ја причината?

Сега сите го сакаат Реал во полуфинале – еве ја причината?

Серхио Рамос беше суспендиран за синоќешниот дуел против Јувентус во ЛШ, а при крајот на натпреварот загрижен се симна низ тунелот и на крај заврши на клупата на Реал.

Тоа е крашење на правилата, бидејќи суспендираните играчи немаат право ни во еден момент да се приближат на теренот, ниту да слегуваат во официјалните простории.

Рамос дури и влезе во вербална расправија со тренерот на Јувентус, па се очекува да добие дополнителна казна од еден, а можно е и два натпревари.

Тоа веќе еднаш му се случи на Реал Мадрид, кога во 2014 година во финалето суспендираниот Чаби Алонсо седеше крај теренот, па потоа доби казна од УЕФА.

Отуството на Рамос ќе биде голем хендикеп за Реал во полуфиналето, бидејќи синоќа се видоа сите лимити на одбраната на „кралевите“ без капитенот.

Дали оваа ситуација ќе го направи Реал посакуван противник во полуфиналето?

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…