Home Спорт Алегри откри детали од расправијата со Рамос (видео)

Алегри откри детали од расправијата со Рамос (видео)

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри комплетно ги загуби нервите после досудениот пенал против неговиот тим во 93-та минута против Реал Мадрид.

Камерите го фатија како се расправа со капитенот на „кралевите“ Серхио Рамос, кој во тој момент беше блиску до тунелот и ги следеше случувањата на теренот.

Алегри и Рамос влегова во жестока вербална расправија, а после мечот тренерот откри и детали од расправијата.

„Рамос ми рече дека било чист пенал, а јас му реков дека иста ситуација имаше и во првиот меч за нас. Меѓутоа, тогаш судијата наместо пенал свирна крај на мечот. Рамос не ме разбра што му зборѕвам и повеќе не кажа ништо“, откри Алегри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…