Home Спорт Куп на Македонија: Шкендија прв финалист

Куп на Македонија: Шкендија прв финалист

Тимот на Шкендија е првиот финалист во македонскиот Куп, откако победи со 2:0 на гостувањето кај Ренова.

Ренова се избори за реми на првиот натпревар, но Шкендија не дозволи изненадување и заслужено победи со 2:0 на гостувањето, а херој беше Бесарт Ибраими.

Ибраими најпрво погоди во 20-та минута со извонреден слободен удар, а во 63-та минута го постави конечниот резултат.

Шкендија во финалето ќе се сретне со подобриот од Академија Пандев и Пелистер и ќе има шаси за освојување на двојната круна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…