Home Вебкафе Кенгур му ја скрши вилицата додека бил во лов на кенгури

Кенгур му ја скрши вилицата додека бил во лов на кенгури

Деветнаесетгодишниот Џошуа Хајден се здоби со скршеница на вилицата додека со својот брат биле во лов во Западна Австралија.

Тој низ прозорот забележал кенгур и се обидел да го застрела, но кенгурот побегнал. Момчето тогаш се свртело да нишани други два кенгури, но првиот кенгур се вратил и го нападнал.

Хајден раскажува дека околу 30 секунди лежел без свест и дека кога се разбудил мислел дека го удрил неговиот брат.

„Кенгурот прво удри во автомобилот и го скрши стаклото. Тогаш се врати кај мене и ме удри право во вилицата“, изјави тој.

Момчето веднаш се упатило во болница, каде што му рекле дека треба да почека десетина дена за да му спадне отокот, па после да го прават операција.

Браќата раскажуваат дека често одат во лов на кенгури, а ова е прв пат да бидат нападнати.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…