Home Наука и техонологија Овој норвешки таксист за работа користи Ford Focus RS

Овој норвешки таксист за работа користи Ford Focus RS

Сите ние барем неколку пати во животот имаме доцнето на некое место, но во Норвешка имаат шанса да го надохнадат тоа време ако го повикаат таксистот Евакда Јастед. Тој го вози спортскиот модел Ford Focus RS.

Таксистите обично бираат економични автомобили за својата секојдневна работа, како на пример лондонските такси кои користат електрични автомобили со кои може да поминат многу.

Меѓутоа, Јастед не ја следи таа практика, веќе 18 месеци користи спортски модел т.е Ford Focus RS со 2,4 литарски ЕкоБуст мотор, кои развива 345 коњски сили. Со овој автомобил Јастад поминал повеќе од 127.000 километри, а постојаните клиенти го нарекуваат „Плава молња“.

„Нема многу луѓе кои на светот може да речат дека го живеат својот сон, но јас сум сепак еден од нив. Кога го возам синот во градинка тој сака да ја стиснам гаста“, изјавил Јастед. Неговиот автомобил од 0 до 100 км/ч развива за 4,7 секунди. А максимална брзина на Ford Focus RS е 267 км/ч.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…