Home Актуелно Замина бизнис иконата на 20-ти век: Почина основачот на ИКЕА

Замина бизнис иконата на 20-ти век: Почина основачот на ИКЕА

Ингвар Кампрад, основачот на светски познатата шведска компанија „ИКЕА“ почина на 91-годишна возраст, во својата куќа во Смаланд, јавуваат шведските медиуми.

Од компанијата велат дека тој бил еден од најголемите претприемачи на дваесеттиот век.

Во еден момент, Кампрад дури бил и најбогатиот човек на светот, а живеел во многу неупадлив бунгалов во Швајцарија. Беше нашироко познат по својата штедливост. Користел градски превоз, а со авион летал исклучиво со економска класа, иако без никаков проблем можел да си дозволи приватен млазен авион.

Ингвар Кампрад ја основал „ИКЕА“ на 17-годишна возраст во 1943 година. Самото име на фирмата е акроним од зборовите Ингвар, Кампрад, Елмтарид (семејната фарма), Агунарид (соседното село).

Денес, „ИКЕА“ е еден од најголемите и најпознатите меѓународни концерни и најголем малопродажен синџир за мебел и предмети за домаќинство. Првиот продажен центар на „ИКЕА“ е отворен во Шведска 1958 година, а потоа и во Норвешка и Данска неколку години подоцна, а наредните две децении и во други делови на Европа, но и Јапонија, Австралија и Канада.

„ИКЕА“ денес вработува 190 илјади луѓе во светот и има годишен промет од 38 милијарди евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Рос Линч ги избриша фотографиите со поранешната девојка откако откри дека тајно се оженил

Обожавателка го потсети Рос Линч дека на Инстаграм сè уште има фотографии со поранешната д…