Home Актуелно Временска прогноза за последниот јануарски понеделник

Временска прогноза за последниот јануарски понеделник

Денеска во Македонија времето ќе биде сончево и релативно топло. Мала локална облачност се очекува на истокот во претпладневните часови, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во котлините претпладне ќе биде магливо, а температурите се очекува да се искачат од 9 до 15 степени.

Во главниот град претпладне ќе биде магливо со локална облачност. Температурата ќе достигне до 12 степени.

Утрово најстудено беше во Берово со измерени -6 стпени, во Петровец -5, Маврово, Тетово, Битола и Демир Капија -4, Штип, Струмица и Дебар -3, Претор, Лазарополе, Прилеп, Крива Паланка и Охрид -2, Скопје -1, Гевгелија и Виница 0, 1 во Крушево и Пожаране, 2 во Тополчани и Ѓуриште, а 6 степени беа измерени во Дојран.

Во текот на неделата која што следува утринските температури ќе бидат во благ пораст, а до четврток се очекува стабилно и суво време.

Магла ќе има по котлините, додека во петок ќе преовладува зголемена облачност, со јужен ветер. Во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, а во текот на ноќта на некои места ќе преминуваат во снег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…