Home Шоубизнис Ешли Греам „необработена“ на насловна за италијански Vogue

Ешли Греам „необработена“ на насловна за италијански Vogue

Славната „плус-сајз“ манекенка Ешли Греам, без никакви Фотошоп корекции и во реално издание, ја краси насловната страна на италијанското издание на Vogue.

Нејзината порака на која таа активно работи преку своите модни ангажмани за подигнување на свеста за убавината на женското тело во сите форми, највидливо ја покажа и докажа со новите фотографии кои ги направи за насловната на престижното модно списание.

„Правилата на оваа игра се самопочитувањето, самодовербата и фантазијата. Тоа не е само прифаќање, туку и форма на љубов кон себеси, а тоа е најважно“, вели Греам.

На црно-белите фотографии Ешли позира во долна облека. Иако на нив се видливи нејзините брчки, целулитот и тонусот на кожата, лицето на Греам и понатаму изгледа моќно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …