Home Вебкафе Вежбаа речиси угул голи во теретана – што мислите, дали некој го забележа тоа?

Вежбаа речиси угул голи во теретана – што мислите, дали некој го забележа тоа?

Сара Рајли и Марија Лучиоти вежбаа во една теретана речиси целосно голи, а верувале или не, никој од присутните не го забележа тој момент.

Двете жешки убавици направија мал експеримент во соработка со „сликарката врз човечки тела“ Џен Седил и во теретаната стигнаа облечени само во танга и со минимални лепенки врз брадавиците. Остатокот од нивните тела беше „облечен“ во боја на таков вешт начин кој оддаваше впечаток дека типките на себе имаат хеланки и спортски градници.

Кога стигнаа во теретаната, побараа од една од девојките вработени таму да ги прошета низ просторот и да им ја покаже вежбалната, која не ни сфати дека пред себе има речиси голи девојки. Потоа почнаа да вежбаат, а на останатите присутни во вежбалната ништо не им беше сомнително, освен фактот дека две жешки и секси убавици се развежбани во салата.

Дури кога некои им пријдоа и ги замолија малку подобро да ги погледнат, екипата од теретаната сфати дека тие на себе имаат боја за тело, а не вистинска опрема за вежбање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Не одиш на одмор? Нема врска – 5 начини како викендот во град да стане вистинско летно освежување

Не одиш на одмор? Нема гајле! Не, не мора секој одмор да биде со куфер во багажот, пат кон…