Home Спорт ОФИЦИЈАЛНО: Крај на сите шпекулации! – Стигна потписот кој целиот свет го чекаше (ФОТО)

ОФИЦИЈАЛНО: Крај на сите шпекулации! – Стигна потписот кој целиот свет го чекаше (ФОТО)

Медиумите многу шпекулираа, но сега на целата приказна е ставена точка!

Ова лето се појавија приказни дека Лионел Меси би можел да ја напушти Барселона. Се изгледаше шокатно, но имаше логика, а со одложувањето поптпишувањето на договорот Меси само ги зголемуваше шпекулациите, пишува Спортски.мк.

Се пишуваше дека одложувањето Меси би можело да значи дека тој ќе ја промени средината, посебно после сезоната во која Барселона успеа да го освои само шпанскиот куп.

Сепак, сега на сите шпекулации им дојде крајот, Меси стави потпис на новиот договор со Барселона.

Сето ова беше објавено на официјалниот сајт на клубот од Каталонија, а одличниот Аргентинец кој во текот на вчерашниот ден ја прими „Златната копачка“ со Барселона потпиша договор до 2021 година.

После 4788 денови од дебито. 602 одиграни натпревари, 523 постигнати погодоци и 30 освоени трофеи. Меси и официјално потврди дека сака уште.

Како што стои на официјалниот Твитер профил на Барселона „приказната продолжува“.

https://twitter.com/FCBarcelona/status/934376792030433281

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…