Home Спорт Дарко Соколов го засили МЗТ Скопје

Дарко Соколов го засили МЗТ Скопје

Македонскиот репрезентативец и досегашен член на Карпош Соколи, Дарко Соколов, потпиша 18-месечен договор со шампионот МЗТ Скопје Аеродром.

31-годишнот Соколов ќе биде засилување на МЗТ на позицијата бек, и е засилување со кое треба да се брка опстанок во АБА-лигата по слабиот старт на регионалното натпреварување.

Соколов во кариерата има настапувано за Вардар, АМАК-СП, Струмица, Фени Индустри, Работнички, а неколку месеци во 2009 година го носеше и дресот на МЗТ. Тој ќе дебитира на мечот со Цеведита на почетокот на декември.

МЗТ исто така потврди дека го раскина договорот со Американецот Ерик Гарсија, кој подолго време не е во првиот тим на шампионот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…