Home Актуелно Стерјовски за ТВ Тема: Признавањето Бугари во Албанија е геноцид врз Македонците

Стерјовски за ТВ Тема: Признавањето Бугари во Албанија е геноцид врз Македонците

Признавањето на бугарското малцинство во Албанија претставува геноцид врз Македонците во Албанија, во која никогаш немало и нема Бугари.

Признавањето на бугарското малцинство во Албанија претставува геноцид врз Македонците во Албанија, во која никогаш немало и нема Бугари.

Ова во интервју за тиранската телевизија „Тема“ го изјави Васил Стерјовски, генерален секретар на партијата на Македонците во Албанија, Македонската алијанса за европска интеграција(МАЕИ).

– Во Албанија има македонско малцинство, а она што се прави не е реалност туку вештачки создадено малцинство во Албанија. Според сите исторски факти, како и состојбата на терен нема бугарско, туку станува збор за македонско малцинство. Тоа е стара бугарска стратегија за Санстефанска Бугарија, Голема Бугарија. Признавањето на бугарско малцинство од страна на албанската држава претставува геноцид врз Македонците во оваа земја и е во спротвност со националните интереси на Албанија, вели Стерјовски.

Според него, Бугарите со години се обидуваат вештачки да прикажат бугарско малцинство во Албанија, во Косово и во Грција, со цел да ја обиколат Македонија со вештачко бугарско малцинство и да „докажат“дека не постои македонска нација.

– Ние знаеме што сме, Македонци. Го имаме и пописот од 2011 година. Во Преспа, Врбник, Гора, Голо Брдо никој не се изјаснил како Бугарин. Има ли поголема потврда од тоа, посочува тој.

Во Нацрт-законот за заштита на малцинствата се признаваше постоење на осум малцинства, македонско, грчко, ромско, египќанско, црногорско, бошњачко, српско и влашко малцинство.

Шефот на албанската дипломатија на неколку средби изјави дека тоа се малцинствата кои живеат во Албанија и оти таа работа е завршена. Дури на една од средбите на барање на друштвото за албанско-бугарско пријателство, кажа дека со стотици Албанци имаат италијански пасоши и оти тоа не и дава за право на Италија да бара свое малцинство во Албанија.

Но под притисок на Бугарија и условувањето со вето во ЕУ, албанските власти попуштија и Бугарите станаа деветто малцинство.

На тоа остро реагираа и МАЕИ и Македонското друштво „Илинден“, кое од албанскиот претседател Илир Мета побара да не го потпишува законот и да го врати во Парламентот на повторно разгледување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…