Home Вебкафе Неколку примероци од овој лепотан на аукција во Италија продадени за 75.000 евра

Неколку примероци од овој лепотан на аукција во Италија продадени за 75.000 евра

Една од најскапите работи на светот, како во кујната, така и генерално, е оваа печурка која, поради својот врвен квалитет, бескомпромисно држи висока цена.

Неколку бели тартуфи, чија тежина е близу 850 грама, беа продадени на аукција во областа Пиедмонт, на североистокот од Италија за 75.000 евра.

Најмногу понуди бизнисмен од Хонг Конг, кој преку сателитска врска за тартуфите се наддаваше со заинтересиран купувач од Дубаи.

Изабеле Џаниколо од Националниот центар за истражување на тартуфи напомена дека аукциската цена била „симболична“, бидејќи приходите од наддавањето одат во хуманитарни цели, па не била обврзана да ја држи вистинската пазарна цена на тартуфите.

„Ситуацијата е малку подобра, а очигледно е дека ова нема да биде успешна година, бидејќи во продажба нема да има големи примероци од тартуфи, иако и овие помалите се многу квалитетни“, изјави Изабеле.

Минатата година килограм тартуфи можеа да се купат за 3.000-4.000 евра, додека овогодинешната пазарна цена за еден килограм изнесува 6.000 евра.

Белиот тартуф е најскапата и најквалитетна печурка на светот, а сезоната трае од септември до крајот на јануари. Во градот Алба, во Пиедмонт, веќе деведесет години традиционално се организира аукциска продажба на овој вид на печурка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…