Home Спорт „Специјалниот“ како „мачка“: Голманот Мурињо бранеше пенали со „луда финта“, но…

„Специјалниот“ како „мачка“: Голманот Мурињо бранеше пенали со „луда финта“, но…

Жозе Мурињо се проба и како голман на еден хуманитарен натпревар кој беше организиран за жртвите на пожарот во Гринфел.

Натпреварот беше организиран од Алан Ширер и Лес Фердинанд и учество зедоја многу познати личности од Островот, меѓу кои секако и „Специјалниот“.

Иако Мурињо пред тренерската кариера беше фудбалер за врска, сепак на овој натпревар се одлучу да биде голман и го украде шоуто.

„После мечот Мурињо доби надимак, од сега не го викајте повеќе ’Специјален’, туку „мачка“. Одличен е, долго време правеше селфи со децата кои беа на стадионот“, изјави Стен Колимар по мечот.

Победникот беше одлучен после изведувањето на пенали. Португалецот се обиде да ги збуни ривалите и бранеше пенали без ракавици, но „финтата“ не му успеа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…