Венгер призна: Имав сериозни преговори да преминам во ПСЖ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер призна дека сериозно размислувал да ги напушти „топџиите“ ова лето и дека имал преговори за преселба во ПСЖ.

Многу навивачи на Арсенал сметаат дека Венгер е лично одговорен за слабите резултати на тимот и бараат негово заминување, но искусниот стратег не обрнува многу внимание на критиките и вели дека за него е важно што ја има поддршката од клубот.

„Размислував да го напуштам Арсенал ова лето. Таму сум веќе 20 години и можеше да се случи да се повлечам од лични причини. Дали да продолжам со започнатото или да се повлечам – за тоа размислував последните неколку месеци. Се боревме минатата сезона, но не ни одеше, па затоа бев во дилема“, објаснува Венгер.

„Точно е дека и оваа сезона ја започнавме лошо, но и понатаму имаме шанси да бидеме шампиони. Првиот меч беше одличен, го добивме во возбудлив финиш. Вториот меч против Стоук не беше толку лош, додека против Ливерпул бевме катастрофални. Мораме да го заборавиме тој пораз и да победиме на наредниот натпревар“, заклучи францускиот стратег.

Венгер потоа призна дека водел сериозни преговори со ПСЖ за да ги превземе „светците“ и истакна дека според него Мбапе е новиот Пеле.

„Имав сериозни преговори со Пари Сент Жермен, но на крајот одлучив да останам во Арсенал. Што се однесува до Мбапе тој е феномен. Мислам дека може да биде новиот Пеле, за него не постојат граници“, заклучи Венгер.