Home Шоубизнис Пиел до пет сабајле: Федерер после Вимблдон – „Не знам што правев синоќа, испив многу алкохол“

Пиел до пет сабајле: Федерер после Вимблдон – „Не знам што правев синоќа, испив многу алкохол“

Откако минатиот викенд по осми пат го освои Вимблдон, Рожер Федерер до раните утрински часови ја прославувал престижната Грен слем титула.

После победата во финалето на Вимблдон против Марин Чилиќ со 3:0 во сетови, Швајцарецот со пријатели во еден лондонски ресторан го славел успехот до раните утрински часови.

„Уште ми ѕвони во главата. Не знам што правев синоќа, испив многу различни алкохоли. Со 40-тина пријатели ја прославував титулата во еден ресторан и одлично си поминавме. Си легнав во пет изутрина, а кога се разбудив не се чувствував добро“, изјави по жестоката ноќ Федерер.

„Сакам да уживам една година во тоа што сум освојувач на Австралија Опен и Вимблдон, и идната година ќе ги бранам тие титули, само да останам здрав“, изјави Федерер после успехот на Вимблдон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …