Home Вебкафе Најдени нови докази за Торинското платно: Дали е ова потврдата која ја чекаа христијаните?

Најдени нови докази за Торинското платно: Дали е ова потврдата која ја чекаа христијаните?

Експертите потврдија дека Торинското платно е прекриено со крвта од жртвата која била подложена на мачење, што оди во прилог на теоријата дека во него бил завиткан и погребан Исус Христос.

Утврдено е дека ова платно содржи наночестички кои не се типични за крвта од здрав човек. Ова би требало да ги побие тезите дека лицето од Исус на платното го насликале средновековни фалсификатори.

Џулио Фанти, од универзитетот во Падова, објасни дека крвта на платното содржи доста високо ниво на честички од креатин и феритин, кои можат да се најдат во крвта од пациентите кои поминале низ трауми како што е мачењето.

„Присуството на овие честички укажува на насилна смрт кај мажот кој бил замотан во Торинското платно“, вели тој за Daily Mail.

Торинското платно долго три метри и широко еден метар е своевиден артефакт на кој се наоѓаат бледи отисоци од машко лице за кое христијанскиот свет верува дека бил Исус Христос.

Платното моментално е изложено во катедралата Свети Јован Крстител во Торино. Папата Франциск во 2015 година, за време на посетата на Торино, се задржа во тивка молитва пред платното.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…