Home Вебкафе Адреналинот „на 500“: Лудо нишање на 400 метри висина од кое запира здивот (видео)

Адреналинот „на 500“: Лудо нишање на 400 метри висина од кое запира здивот (видео)

Љубителите на природата, високите планини и длабоките кањони, но и на адреналинот сигурно ќе бидат заинтересирани за атракциите во Колорадо над големиот кањон. Сепак не оној познат како Големиот Кањон, но и самиот мошне спектакуларен.

Глендув кањонот се протега низ 20 километри околу реката Колорадо во западниот дел на истоимената држава. Карпите, кои го опкружуваат се високи и до 400 метри, а над една од нив е поставена нишалка, на која можете да се нишате и ако не умрете од страв, да уживате уживајте во спектакуларниот поглед на долината и околниот Гленвуд Спрингс.

Нишалката Џајнт Кањон се наоѓа на 396 метри височина и со тоа е повисока од сите досега познати.

Истовремено можат да се возат четири лица, а за да седите горе морате да задоволите некои правила. Морате да бидете високи најмалку 1,2 метри, а максималната тежина на лицата на нишалката не смее да надмине 360 килограми.

Секако пред возењето потпишувате и документ, со кој организаторот се ослободува од секаква одговорност во случај на несреќа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат Со доаѓањето на топлите летни …