Home Вебкафе Кога фудбалот е поважен од животот: Хирург ја прекина операцијата за да ги гледа пеналите

Кога фудбалот е поважен од животот: Хирург ја прекина операцијата за да ги гледа пеналите

Чиле на пенали ја совлада репрезентацијата на Португалија во полуфиналниот дуел на Купот на конфедерациите, а еден чилеански хирург стана хит на денот токму поради изведувањето на пеналите.

На интернет кружи видеото снимено во една болница, на кое хирургот, за време на изведување на оперативен зафат, го следеше изведувањето на пеналите. Кога Клаудио Браво одбрани и трет пенал и му донесе финале на Чиле, почна прославата и за време на операцијата.

Не е познато за каква операција станува збор, каде е направена, ниту каков бил исходот (се надеваме завршила во најдобар ред), но Mirror пренесува дека лекарскиот тим кој ја вршел операцијата го очекува истрага.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…