Home Спорт Продава, но и купува: Рома договори три засилувања!

Продава, но и купува: Рома договори три засилувања!

Италијанскиот вицешампион Рома преодниот рок го отвори со три продажби на важни фудбалери (Салах, Манолас и Паредес) од кои инкасира околу 110 милиони евра, па веднаш започна со шопинг.

После доведувањето на Карсдорп од Феенорд, италијанските медиуми пренесуваат дека „волчицата“ договорила уште две нови засилувања.

Имено, Рома постигна комплетен договор со Лион за трансфер на играчот за врска Максим Гоналон за кого ќе плати 7 милиони евра.

Покрај Холанѓанецот и Французинот, трето засилување ќе биде младинскиот италијански репрезентативец Лоренцо Пелегрини. Играчот на Сасуоло призна дека се е договорено и дека во следните денови ќе потпише за Рома.

Рома за Пелегрини на Сасуоло ќе му плати 10 милиони евра!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…