Познато кога Верати ќе потпише за Барселона?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец сака својата кариера да ја продолжи во Барселона, но Пари Сент Жермен не сака да слушне за продажба на еден од најдобрите свои фудбалери.

Веќе неколку недели се шпекулира дека Верати кариерата ќе ја продолжи во каталонскиот гигнат, но Барселона и ПСЖ никако да постигнат договор околу отштетата. Францускиот клуб бара 100 милиони евра, додека Барса е спремна да плати 20 милиони помалку.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека Барселона во наредните денови ќе испрати официјална понуда од 80 милиони евра, која воедно ќе биде и последна. Каталонците се недаваат дека ПСЖ овој пат ќе ја прифати понудата, под притисок на играчот, а наводно е веќе одлучено и кога ќе биде претставен Верати како ново засилување.

Доколку се се одвива по планот Италијанскиот плејмејкер во Барселона ќе пристигне на 5-ти јули кога би требало да бидат извршени лекарските прегледи, а потоа и потписот на договорот.

Сепак, ПСЖ го има последниот збор, па останува да видиме во наредните денови како ќе се заврши сагата.