Home Шоубизнис Кому и какви сигнали праќа кралицата со својата елегантна чантичка?

Кому и какви сигнали праќа кралицата со својата елегантна чантичка?

Кралицата Елизабета постојано носи мала елегантна чанта и тоа најчесто во црна боја, иако од истиот модел Launer London има уште неколку посмели бои.

Според историчарот Хуго Викерс, кралицата ја користи чантата за да испраќа тајни сигнали на нејзините слуги и телохранители.

На пример, ако ја префрла чантата од една на друга рака тоа значи дека е подготвена за да продолжи на следниот разговор, додека пак ако ја стави чантата на маса, тоа е знак дека е подготвена да стане и да си оди. Третиот таен знак е дискретно вртење на нејзината бурма, што значи дека сака брзо да ја тргнат од моменталното друштво во кое што се наоѓа.

– Нејзините слуги ги знаат овие знаци, па полека ќе пристапат и културно ќе и кажат дека некој сака да ја поздрави.

Кога се наоѓа на официјални средби, таа ќе им направи дискретна фаца на нејзиниот персонал за да го испратат гостинот.

Оваа традиција најверојатно ја преземала и Кејт, која носи мала плик чанта. Доколку ја носи со двете раце, сака да укаже на фактот дека би било чудно да се ракуваат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …