Home Шоубизнис 10 милиони евра за 9 спални, 12 бањи и голем базен – толку бара славната Џеј Ло

10 милиони евра за 9 спални, 12 бањи и голем базен – толку бара славната Џеј Ло

За својата вила со девет спални соби, 12 бањи и огромен базен славната актерка и танчерка Џенифер Лопез во 2015 година бараше 17 милиони долари, а сега цената ја спушти на 10 милиони.

Откако се всели во новиот дом на Бел Ер, вреден 25 милиони долари, Џенифер Лопез одлучи да продаде некои свои недвижнини.

Целата луксузна вила во Калифорнија, во која таа живеше со поранешниот сопруг Марк Ентони, одлучи да ја продаде за „ситни“ 10 милиони долари. Во неа имаше приватно кино, фитнес сала и студио за снимање песни.

Со толку голем попуст таа лесно најде купувач, па сега е пред потпишување на купопродажен договор.

-Нема причина да не ја спуштам цената. И за вилата на Бел Ер ми бараа 40 милони, а на крајот ја купив за 28 милиони долари. Ценкањата се нормална работа, особено кога станува збор за толку вредни недвижнини, рече Џенифер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…