Комплетирана Серија А: Јуве ремизираше, Интер и Лацио со победи на гости


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Италијанското фудбалско првенство попладнево се одиграа шест натпревари на кои гостите беа поуспешни со две победи, три средби завршија нерешено, а единствената победа на домашен терен ја оствари Торино.

Лидерот и шампион Јувентус освои бод на гостувањето кај Удинезе, додека Интер го забележа најубедливиот триумф.

Резултати на дуелите од 27.коло во Серија А:
Аталанта – Фиорентина 0:0,
Емполи – Џенова 0:2,
Каљари – Интер 1:5,
Удинезе – Јувентус 1:1,
Торино – Палермо 3:1,
Кротоне – Сасуоло 0:0.

Вечерта Лацио беше подобар од Болоња на гостински терен со 0:2.

Претходно идентични победи со 3:1 забележаа екипите на Милан и на Самдорија против Киево, односно Пескара, додека Наполи ја победи Рома со 2:1.

Табела: Јувентус 67 бода, Рома 59, Наполи 57,Лацио 53, Аталанта 52, Интер 51, Милан 50