Home Шоубизнис „Ти си обична лицемерка“: Фановите гневни на Ема поради топлес фотката

„Ти си обична лицемерка“: Фановите гневни на Ема поради топлес фотката

Последната фотосесија на Ема Вотсон за Vanity Fair е далеку од сè што досега снимила 26-годишната актерка.

Таа е една од поповлечените холивудски актерки, а на последната фотосесија, Англичанката која моментално ја глуми Бела од „Убавицата и ѕверот“, се раслече во топлес издание.

A post shared by Vanity Fair (@vanityfair) on

На фотката која предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, Вотсон позира со вкрстени раце, а на себе носи само болеро кое го сокрива она најнужното, минималистички.

На критичарите им смета тоа што, Ема, која тврди дека е феминистка по убедување, позира со голи гради.

A post shared by Vanity Fair (@vanityfair) on

„Мислев дека е феминистка. Зар не е доволно за неа што има облека врз себе и е успешна како пример за девојчињата кои го гледаат „Убавицата и ѕверот“, а сега сите ќе ја гледаат на насловна, како со рацете си ги крие интимните делови“, напиша една личност.

A post shared by Vanity Fair (@vanityfair) on

Други истакнаа дека Ема јавно се бори против сексуализирање на жената, а самата позира на таков начин. Како што велат, тоа е лицемерно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Даг Мејсон од ‘Бачелорет’ зборува за раскинатиот свршувачки со Тејлор Френки Пол

Даг Мејсон, кој наводно ја освои срцето на Тејлор Френки Пол во откажаната сезона на 'Баче…