Home Спорт Рамос искрен: Уживав во поразот на Барселона!

Рамос искрен: Уживав во поразот на Барселона!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос уште еднаш покажа дека кај него нема лицемерие и лажна куртоазија.

Имено, Рамос пред новинарите не криеше дека уживал во високиот пораз на Барселона во Париз и притоа истакна дека не е изненаден.

„Не сум изненаден од она што и се случи на Барса. Доколку имате лоша вечер во Лигата на Шампионите, скапо ќе платите. ПСЖ одигра одличен натпревар, притискаше високо на теренот“, заклучи Рамос, кој потоа беше запрашан дали уживал во поразот.

„Нема да кажам не…Секако, не сакам да ги гледам пријателите како страдаат, но во исто време очигледно е дека не сакам Барселона да победи”.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…