Home Спорт Кин: Кога ќе видам кој е капитен на Арсенал се ми е јасно!

Кин: Кога ќе видам кој е капитен на Арсенал се ми е јасно!

Поранешен капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин со своите коментари само го дотолчи Арсенал по синоќешниот дебакл во Минхен и поразот 5:1 од Баерн.

„А што очекувавте? Секако дека не сум изненаден! Навистина очекувавте дека ваков тим ќе оди во Минхен и таму ќе забележи позитивен резултат“, вели Кин.

„Говорев за нивните проблеми и во минатото. Недостаток на лидер, карактер, желба за победа, глад за играта.Тие едноставно не се доволно добри за ова ниво на Лигата на шампионите“, заклучи Кин.

„Мислам дека не треба многу да ги критикувате бидејќи тие едноставно не се доволно добри. Па во целиот тим има само двајца пристојни фудбалери. Сите останати се просечни. Кога ќе го видам Кирон Гибс со капитенската лента, јасно ми е какви проблеми има Арсенал“, додаде легендарниот Ирец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…