Home Актуелно Стоп за златото на смртта: Со динамит се ништат шуми за отворање рудник за злато

Стоп за златото на смртта: Со динамит се ништат шуми за отворање рудник за злато

Шума од 1.500.000 метри кубни букови дрва на површина од 3.000 хектари се исечени со цел новиот рудник во Гевгелија да почне со работа.Од здужението Спас за Гевгелија реагираат дека наспроти оваа површина, градот се наоѓа на површина од 500 хектари.

Во веќе искасапената шума се користи околу 20 тона динамит дневно за отварање на окното на рудникот кој е планирано да биде со пречник од 3 километри и длабочина од 700 метри.

Здружението реагира дека при минирањето, копањето и транспортот на руда ќе се ствара 10 тони високо токсична прашниа од талиум, арсен, сулфони, оксиди и антимон, а истата ќе ја дишат гевгеличани секојдневно, како и дека дневно ќе се користи 10 тони цијанид, а за да се затрујат сите жители на Гевгелија се доволни само 10 литри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…