Евзони останува блокиран, грчките земјоделци остануваат на блокадите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Блокадата на граничниот премин Евзони на македонско-грчката граница продолжи и денеска, по неуспешните вчерашни преговори на грчките земјоделци со претставниците на Владата во Атина.

Поради штрајкот на грките земјоделци Евзони е затворен за секаков вид сообраќај од 30-ти минатиот месец, што предизивика штети на транспортните компании и нивните коминтенти. Македонските транспортни асоцијации и бизнис заедницата постојано апелираат до  меѓународните институции за деболокирање на преминот, укажувајќи дека од блокадата трпат штети транспортерите од Македонија и регионот, како и компаниите корисници на нивните услуги.

СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ се обрати до Меѓународната унија за патен транспорт ИРУ,  Унијата на асоции за патен транспорт во Црноморскиот економски регион БСЕЦ-УРТА, како и до грчката транспортна асоцијација ОФАЕ.

Евроамбасадорот во Македомнија Самуел Жбогар вчера изјави дека ЕУ и Брисел внимателно го следат проблемот со блокадата на граничнот премин Евзони од страна на грчките земјоделци и оти очекува дека во најскоро време ќе следи реакција и обид за негово трајно решавање.

Имам сознание дека двете влади се обидуваат да најдат начини како да го олеснат овој проблем  со пренасочување на сообраќајот преку Дојран и Битола. Исто така добив информација дека добра кои се со ограничен рок на траење ќе бидат дозволено да се пренесат преку овој гранчен премин. ЕУ и Брисел внимателно го следат овој проблем и очекувам дека во најскоро време ќе следи реакција и обид за трајно решавање на овој проблем, изјави Жбогар при посетата на Гевгелија.

Како што информира АМСМ, премините Меџитлија (Битола) и Дојран сe отворени за сообраќај за секаков вид возила. На граничните премини, освен кај Богородица, нема подолги задржувања.