Home Шоубизнис Шварценегер ќе се одмаздува за смртта на семејството

Шварценегер ќе се одмаздува за смртта на семејството

Американскиот филм Aftermath е драма во најава која е потпишана од режисерот Елиот Лестер и сценаристот Хавиер Гуљон.

Филмот е базиран на вистински настан – судар на два авиони во германскиот Иберлинген на 1 јули, 2002 година, и убиство на контролорот на тој лет кој бил ликвидиран од рускиот архитект Виталиј Калојев чија сопруга и деца загинале во споменатата несреќа (повеќе на несреќата ТУКА, за случајот Калојев ТУКА).

Филмската приказна го следи Виталиј чие семејство смртно настрадува во споменатата несреќа. Трагедијата се случила за време на смената на контролорот Питер Нилсен кого Виталиј го обивинува за случувањето на несреќата.

Филмот на свој грб го носи великанот Арнолд Шварценегер, а го следат Скот МекНери, Меги Грејс и Мартин Донован. Премиерата е закажана за 7 април, 2017 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Откриени детали за свадбата на Дав Камерон и Дамијано Давид: 9 работи што ги дознавме за нивната тридневна прослава во Италија!

Дознаеме многу повеќе за свадбата на Дав Камерон и Дамијано Давид! 30-годишната актерка и …