Home Спорт Херојот на Милан: Немам видено вака луд натпревар!

Херојот на Милан: Немам видено вака луд натпревар!

Милан оствари херојска победа на гостувањето кај Болоња откако успеа да освои три бода иако на терен беше со двајца фудбалери помалку.

Херој на „росонерите“ секако беше новото засилување Делуфеу, кој со извонреден дриблинг ја промеша одбаната на домаќините и му ја сервираше топката на Пашалиќ.

„Ова беше неверојатна ноќ, никогаш не сум видел ваков ’луд’ натпревар, победа со девет против 11. Овие три бода вредат како шест“, истакна Делуфеу.

„Ова се три бода од огромна важност и ние сме многу среќни. Го одбранивме дресот на Милан, ова е еден историски клуб и за него секогаш мора да играме со ваква посветеност. Милан е секогаш Милан“, заклучи Шпанецот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…