Home Шоубизнис Трамп преку претседателскиот Твитер им се насрчи на Nordstrom оти ја опструираат Иванка

Трамп преку претседателскиот Твитер им се насрчи на Nordstrom оти ја опструираат Иванка

Доналд Трамп на Твитер ја нападна трговската компанија за луксузни стоки Nordstrom поради исфрлањето од продажба на модната линија на неговата ќерка Иванка, оценувајќи го тој потег како „многу неправеден“.

„Nordstrom многу неправедно се однесуваше кон мојата ќерка. Таа е прекрасна личност. Секогаш ме поттикнува да го направам правилниот потег“, напиша американскиот претседател.

Тој тоа прво го „твитна“ на својот личен профил, а потоа го преобјави и на официјалниот профил на претседателот на Твитер, што досега беше наменет само за прашања од државен интерес.

Nordstrom минатата недела ја прекина соработката со Иванка Трамп, официјално поради лошиот пласман на нејзината модна колекција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …