Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Грутката злато тешка над 9 килограми, беше продадена на аукција за 750.000 долари, објави аукциската куќа Херитиџ со седиште во Тексас.
Наречена „Стогодишната златна грутка на Алјаска“ бидејќи е пронајдена на 100-годишнината од Златната треска во Клондајк, златната грутка е најголемата ископана во историјата на Алјаска, соопшти аукциската куќа.
Ја пронашол Бери Клеј во 1998 година во близина на градот Руби во западна Алјаска, во рудникот Свифт Крик. Димензиите на златната грутка се 17х14,5х11 сантиметри и тежи 9,13 килограми. Името на новиот сопственик не е соопштено. Потрагата по злато трае повеќе од 160 години на Алјаска.
Златната треска Клондајк е именувана по реката, притока на Јукон во северозападна Канада. Се проценува дека речиси 100.000 копачи на злато пристигнале во областа од 1896 до 1899 година.
Златото таму го пронашле локалните рудари на 16 август 1896 година, а кога веста стигнала до Сиетл и Сан Франциско, предизвикала вистинско стампедо од луѓе кои сакале да се збогатат. Некои од нив успеале, но повеќето немале среќа. Златната треска е овековечена во бројни филмови, литература и фотографии.