Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Четириесет и пет лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која македонски автобус се запали на автопатот Струма, од Софија за Благоевград, јави дописникот на БГНЕС. Според други информации, загинале 46 лица.
Во автобусот патувале 52 лица. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале 7 лица – 2 жени и 5 мажи, кои биле сместени во „Пирогов“, сите со изгореници на лицето и горните дишни патишта.
Луѓето се во тешка траума, изгубија роднини, деца. Тие скокале од прозорците на автобусот.
Автобусот синоќа нешто по 21 часот влегол во Бугарија преку граничниот премин Капитан Андреево. Околу 3.00 часот се случила сообраќајна незгода на автопатот во правец Софија – Благоевград.
Автобусот е со македонска регистрација, потврди началникот на противпожарната служба Николај Николов. „На 31-от километар од автопатот се случи сообраќајна незгода во автобус во кој избувна пожар. Загинаа 45 лица. И преживеаните патници се во тешка здравствена состојба.
Делницата од автопатот има многу проблеми, цело лето таму се поправаат дупки, изјави за БТВ експертката за патишта Дијана Русинова.
Премиерот Зоран Заев за МИА поврди дека оди за Бугарија да ги посети преживеаните во автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма“ во која според првичните информации животот го загубија најмалку 45 лица, а седум се повредени.
Со Заев за Бугарија заминаа и министерот за здравство Венко Филипче и шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Заев информира дека во Бугарија се упатени и надлежни екипи од Македонија. Тој изрази сочувство за загинатите во несреќата за која лично бил информиран од бугарскиот претседател Румен Радев и од премиерот Стефан Јанев.
На местото на несреќата, пак, како што јави БТА, се упатил бугарскиот премиер Јанев.