45 години затвор оти на интернет го навредувала кралското семејство на Тајланд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тајландскиот суд вчера изрече казна затвор во траење од 45 години за 65-годишна жена поради критикување на кралското семејство преку Интернет, изјавил нејзиниот адвокат. Тоа е најстрогата казна некогаш изречена во таа земја за навреда на монархијата.

Пресудата е донесена во време на невидени протести на младите кои отворено ја критикуваат монархијата, и покрај строгиот тајландски закон познат како „lese majeste“ кој предвидува 15-годишна затворска казна за какво било кршење на законот.

Анчан Прелерт се изјаснила за виновна за 29 одделни прекршувања на законот со споделување и објавување на нејзиниот канал на Јутјуб и Фејсбук помеѓу 2014 и 2015 година, објасни нејзиниот адвокат Павини Чумсри.

Анчан првично била осудена на 87 години затвор, но судот ја преполовил нејзината казна поради признавање вина.

„Тоа е најстрога казна некогаш изречена за случај спроведен според законот на lese majesta“, објасни Павини од тајландската асоцијација на адвокати за човекови права.

Анчан сега има можност да се жали на два повисоки суда, вели адвокатот.

Полицијата извршила рација во домот Анчан Прелерт во јануари 2015 година, неколку месеци откако е соборена цивилна влада со воен удар.

По воениот удар во 2014 година, најмалку 169 лица биле обвинети за кривични дела според споменатиот закон. Властите накратко престанале да го применуваат во 2018 година, но полицијата го вратила по немирите и протестите во кои што се критикува монархијата.