400 години стара ајкула пронајдена во Арктикот може да биде најстариот жив ’рбетник


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Околу 400 години старата гренландска ајкула, која достигнува сексуална зрелост на околу 150 години, поставува нов рекорд со тоа што може да биде прогласена за најстариот жив ’рбетник на светот.

Според проценките на научниците кои ја открија ајкулата, нејзината возраст е проценета на најмалку 392 години. Пронајдена е во водите на Арктичкиот океан и големи се шансите таа да е најстариот познат жив ’рбетник на планетава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WWF-Canada (@wwfcanada) on

Според мерењата и испитувањата на истражувачите, се проценува дека ајкулата најрано може да е родена уште во 1505 година. Овој вид на ајкули живеат на температури пониски од -1 Целзиусов степен, а можат да пливаат и до длабочини од 7.200 метри и да достигнат тежина од еден тон.

Ајкулата е долга 5 метри, а кога ќе се знае фактот дека овој ид на ајкули во просек расте со стапка од 1 сантиметар годишно, се добива импресивен дијапазон од можна старосна рамка на овој жив примерок.

Оваа ајкула е најстариот примерок од вкупно 28-те гренландски ајкули кои се анализираат. Овој вид на ајкули имаат животен век од 400 години.

Но, самото одредување на точната возраст на гренландската ајкула е малку комплициран процес. Научниците користеа техника наречена радиојаглеродно датирање на очите со која се употребува природниот постоечки изотоп на јаглерод-14 (C-14) за да ја одреди староста на јаглеродните материјали до старост од 60.000 години п.н.е.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oceanic Wildlife Conservation (@oceanicwildlife) on

Не е сосема јасно зошто гренландските ајкули живеат толку долго. Научниците тврдат дека причината може да се крие во нивните гени, или тоа може да биде поради фактот дека тие живеат на релативно ниски температури и имаат бавен метаболизам.

Можеби немаме точна идеја за долговечноста на овој вид ајкули, но она на кое можеме да се надеваме и да се обидеме да го постигнеме е дека овие ‘рбетници ќе ги засилат напорите за зачувување за заштита на видот и неговото живеалиште. Сега, кога ги пронајдовме овие величествени суштества, наша обврска и одговорност е да ги зачуваме овие животни за идните генерации.