Home Актуелно 4 милијарди долари – за толку падна вредноста на Кока-Кока после потегот на Роналдо на прес-конференцијата

4 милијарди долари – за толку падна вредноста на Кока-Кока после потегот на Роналдо на прес-конференцијата

Акциите на корпорацијата Кока-кола паднаа откако фудбалскиот ас Кристијано Роналдо на прес-конференцијата ги тргна шишињата со сок кои беа пред него и порача дека треба да се пие вода.

На прес-конференцијата во пресрет на мечот против Унгарија, Кристијано Роналдо ги тргна шишињата со Кока-кола кои беа пред него и порача дека треба да се пие вода.

Ваквиот потег на Португалецот беше удар за акциите на Кока-кола, вредноста на компанијата падна за неверојатни 4 милијарди евра.

Една акција на Кока-кола пред пресот чинеше 56,1 долар, а по потегот на Роналдо падна на 55,2 долари.

Тоа е 1,6 проценти пад, што значи намалување на вкупната вредност на Кока-кола за 4 милијарди евра.

Вкупната вредност на Кока-кола е 238,35 милијарди долари.

Кристијано Роналдо не само што не конзумира производи со фабрички шеќер, туку не им дава и на своите деца. Тие имаат изјавено дека може да се напијат Кока-кола или да јадат чоколадо само кога татко им е на пат. Португалецот строго внимава на исхраната и на фитнесот, затоа игра во голема форма и покрај годините.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Дали само изгледаш „добро“ за Инстаграм? Вистината за рутината за самогрижа која никој не ја објавува

Во ерата каде што сè е естетски совршено – од утринските рутини до „мирните вечери со свеќ…