3.000 делфини загинале во водите на Црното Море од почетокот на руската инвазија врз Украина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екологот Иван Русев алармира дека од почетокот на воената инвазија која ја врши Русија врз Украина во водите на Црното Море загинале три илјади делфини.

Зголемената бучава и употребата на сонарни системи може да ги дезориентираат делфините кои користат звук за навигација. Не можат да најдат храна, поради што гладуваат.

Претходно овој месец, Атанас Русев, шеф на бугарската кампања „Спасете ги делфините“, на Фејсбук објави дека неколку случаи на делфини заглавени во делтата на реката Ропотамо, која се влева во Црното Море.

“Повеќе делфини ја изгубија способноста за навигација, беа многу слаби. Некои имаа изгореници од бомби или мини. Замислете делфин со тешка изгореница. Според експертите кои ги испитувале, делфините не можеле да јадат најмалку десет дена. Оние кои не биле изгорени биле тешко повредени“, вели Русев, додавајќи дека телата на мртвите делфини биле пронајдени во близина на бреговите на Бугарија, Турција, Романија и Украина.

Неколку предвоени научни студии потврдија дека воениот сонар е опасен за морските животни