„21 издание во 21 век за ПОДОБАР ЖИВОТ“ – четиричасовно шоу „Златна бубамара“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Добро вечер љубители на добра музика, почист воздух и поубав живот. Ни ги затворија „Универзална сала“ и „Метрополис“, ни остана „Борис“. Како за прв пат тука, се потрудивме да изгледа сè величествено. Вечерва ќе ви понудиме илузија за подобар живот во четири часа“ – вака ги поздрави присутните организаторот на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, Ранко Петровиќ.

По него, се појави и Кирил Поп Христов – Кили, кој не ја пропушти шансата да го изрази своето задоволство што повторно е дома.

На сцената ги видовме и „Дубиоза колектив“ во друштво на Џамбо Агушев, а организаторите го наградија и списанието „Остен“ кое постои од 1945 година, и чиј основач помеѓу другите е Блаже Конески.

Тијана Дапчевиќ која освои Златна бубамара за „Најдобар мултимудијален уметник” во регионот, што се доделува за прв пат. Дани Димитровска, пак, ја доби Златната бубамара за Најдобар албум на годината „Град за љубов“, а со громогласен аплауз и овации беше поздравена и Маја Оџаклиевска. Таа ја доби наградата за „Трајни вредности“, а повторната средба со публиката пробуди емоции.

Наградата пак, за „Животно дело“ им припадна на членовите од групата „Октет Македонија“, кои покажаа дека сè уште се во одлична форма.

Проблемите што ги имаме, прикажани на хумористичен начин, ги прекина Влатко Стефановски, кој на сцената се појави со Дадо Топиќ.

Влатко со себе го имаше и омотот од првиот албум на рокерот и маркер за Дадо да го потпише. Гитаристот додаде дека една од најубавите песни за Македонија е токму истоимената од Дадо.

Еве ја комплетната листа на наградени на ова издание од „Златна бубамара на популарноста“.

Албум на годината 2017 – Град за љубов, Дани
Најпопуларен плех оркестар 2017 – Агушеви
Најпопуларна балканска група – Дубиоза Колектив
Телевизиски проект на годината 2017 – Пат до успехот
70 години јубилеј Светска галерија на карикатури Остен
Награда за животно дело – Октет Македонија
Комерцијален видео спот – НЛБ Тутунска Банка
Мултимедијален уметник – Тијана Дапчевиќ
Награда за трајни музички вредности – Маја Оџаклиевска
Животно дело – Дадо Топиќ
Филм на годината 2017 – Исцелител
Актерско откритие на годината 2017 – Благој Веселинов
Актер на годината 2017 – Александар Микиќ
Најпопуларна ТВ серија 2017 – Фамилија Марковски
Актерка на годината 2017 – Нина Деан
Музички видео спот на годината 2017 – Терориста, Слаткаристика
Интернационален успех 2017 – Марко Маринковиќ Слаткар
40 години јубилеј Стоби флипс – Витаминка
Театарска претстава на годината 2017 – Вардарски пастуви
Спортски херои – Најпопуларен спортски клуб Р.К. Вардар
ТВ забавна сатирична емисија 2017 – Фчерашни новости
Трајни музички вредности – Нови фосили
Најпопуларна ТВ серија 2017 – Инсајдер
ТВ емисија на годината 2017 – Еден на еден
Концерт на годината 2017 – Меморијa
Мјузикл на годината 2017 – Мама Миа МНТ