2.000 евра казна за Пандев поради глумење на терен

Дисциплинската комисија при Италијанската фудбалска федерација му изрече парична казна во висина од 2.000 евра на Горан Пандев поради глума на терен со цел да му биде досуден пенал на дуелотпротив Лацио.

Џенова славеше победа со пресврт против Лацио, Горан Пандев се радуваше на триумф против својот поранешен тим со кој немаше добра разделба.

Пандев имаше еден несмасен обид да одглуми пенал поради кој доби жолт картон, но сега доби и парична казна од Италијанската фудбалска репрезентација.

Македонскиот фудбалер ќе треба да плати глоба од 2.000 евра за обидот да одглуми пенал.