Home Актуелно Со 136 маси и 1.200 автомати: Кипар ќе го гради најголемото казино во Европа

Со 136 маси и 1.200 автомати: Кипар ќе го гради најголемото казино во Европа

Кипар потпиша договор со конзорциум со учество на Мелко Интернешанл, Хард Рок и кипарскиот холдинг СиЕнЕс груп за изградба на казино, кое според официјални претставници ќе биде најголемото казино во Европа.

Кипарскиот министер за трговија, индустрија и туризам Јоргос Лакотрипис изјави денеска на церемонијата по потпишувањето дека казиното во крајбрежниот град Лимасол, чија изградба ќе изнесува над 500 милиони евра, ќе отвори околу 4.000 нови работни места.

Министерот Лакотрипис прогнозира дека проектот ќе привлече дополнително околу 300.000 туристи годишно на островот.

Казиното ќе вклучува 136 маси и 1.200 автомати за играње, а ќе биде изграден и луксузен хотел со капацитет од 500 соби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…