Home Актуелно Со 39 Целзиусови Демир Капија вчера најжежок град, еве ја прогнозата за денес

Со 39 Целзиусови Демир Капија вчера најжежок град, еве ја прогнозата за денес

Во Демир Капија вчера беше најтопло, а северниот дел од скопската котлина и Полог беа зафатени од поголема нестабилна маса проследени со пороен дожд и грмежи. Нестабилно беше и во Мариовско, а во Куманово има пороен дожд грмежи и засилен ветер.

Според мерењата на УХМР во Демир Капија имало 39 степени, 36 Гевгелија, 35 Скопје, Зајчев Рид, Штип, 34 Виница, Струмица, Скопје Петровец, 33 Битола, 32 Тетово, Прилеп, Крива Паланка, 31 Претор, Охрид, 30 Берово, 29 Ѓуриште, 28 Пожаране, 26 Лазарополе и 25 Маврово.

Денес ќе биде сончево и топло, попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец Максимлната температура ќе се движи од 30 до 36 степени.

Во Скопје и околината, сончево и топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата ќе достигне до 35 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…