Home Актуелно 127години од смртта на македонскиот великан Григор Прличев

127години од смртта на македонскиот великан Григор Прличев

На денешен ден, 6 февруари, 1893 година, во Охрид почина истакнатиот македонски писател од романтичарскиот период и голем просветителен и културен деец, великанот Григор Прличев.

Надгробната спомен плоча на Прличев

Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите „Сердарот“ и „Скендербег“, како и познатата негова „Автобиографија“.

Со поемата „Сердарот“, која ја напишал во своите студентски години и за која на поетски конкурс во Атина добил Ловоров венец, историски ја верификувал големината на својот поетски талент и бил наречен „втор Хомер“. Ова поетско дело и до денешен ден според многу елементи на епското пеење се уште не е надминато.

Родната куќа на Прличев
Родната куќа на Прличев

Прличев е роден во Охрид, на 30 јануари 1830 година во семејство од кое излегле повеќе македонски дејци и револуционери.

Македонскиот поет Прличев, по повод 1.000 годишнината од смртта на Методиј, одржал говор во Солунската гимназија на 6 мај 1885 година.

„Не е ли голем срам за Македонците, кои едно време преку Александра Великого го покорија целиот свет, кои после преку светите Кирил и Методија покрстија милиони Словени и ги просветија, денеска ние да бидеме најдолни од сиот свет во просвештението…“, рекол тогаш Прличев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…