Home Живот и здравје Деца кои поминуваат повеќе од 4 часа дневно пред екран имаат поголем ризик од депресија

Деца кои поминуваат повеќе од 4 часа дневно пред екран имаат поголем ризик од депресија

Дали вашето дете поминува повеќе од четири часа дневно пред екранот? Ако одговорот е „да“, ова може да ве загрижи.

Нова американска студија, која вклучува повеќе од 50.000 деца на возраст од 6 до 17 години, покажува дека прекумерната употреба на екрани не влијае само на видот или концентрацијата – туку драстично го зголемува ризикот од проблеми со менталното здравје. Од пореметувања на вниманието и хиперактивноста (АДХД), преку анксиозност и проблеми во однесувањето, па се до депресија – прекумерното време пред екранот може да биде тивок „тригер“.

Конкретно, децата кои поминуваат четири или повеќе часа дневно пред екранот имаат 61% поголема веројатност да доживеат депресија, 45% поголем ризик од анксиозност, 24% поголема шанса за проблеми во однесувањето и 21% зголемен ризик од симптоми на АДХД.

„Најмногу загрижува висока веројатност на депресија кај децата“, објаснува психијатарот и медицински директор во Flow Neuroscience. „Иако постојат ефикасни третмани, раната интервенција кај децата е предизвик, делумно заради несаканите ефекти од лековите, а некогаш не се доволно достапни ни нефамаколошките опции, како психотерапијата. Тоа ги остава децата на ризик.“

Физичката активност како суперзаштита

Студијата исто така нагласува дека редовната физичка активност е клучен фактор кој го намалува ризикот поврзан со екрани, објаснувајќи до 39% од оваа врска. Нередовното или краткотрајното спиење дополнително ја влошува ситуацијата, опфаќајќи 24% и 7% од ризикот, респективно. Со други зборови, балансот меѓу време на екран, спиење и движење е апсолутно пресуден фактор.

Загрижувачки е што речиси едно од три деца дневно поминува премногу време пред екранот, додека само едно од пет остварува препорачани 60 минути физичка активност, а само четвртина од децата имаат стабилна рутина на спиење.

„Најважно е што сега знаеме како да го намалиме ризикот. Ограничувањето на времето на екран, воведувањето на редовна физичка активност и конзистентни рутини на спиење можат да направат голема разлика, а во иднината новите технологии како неуростимулација можат дополнително да им помогнат на младите.“

Пораката е јасна: повеќе движење, подобра рутина на спиење и паметна употреба на екрани се клучот за менталното здравје на децата во дигиталната ера.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Дали мачките навистина го намалуваат стресот?

Ако чувате мачка дома, сигурно знаете какви позитивни ефекти има на вас. Но, ако никогаш н…