Home Шоубизнис Милица Тодоровиќ тешко го поднесува разделувањето од синот: Секогаш кога сум далеку, само на часовникот гледам

Милица Тодоровиќ тешко го поднесува разделувањето од синот: Секогаш кога сум далеку, само на часовникот гледам

Милица Тодоровиќ по раѓањето на синот Богдан го гледа животот на поинаков начин. Пејачката најголем дел од времето по породувањето го посвети на наследникот, а одлуката да направи пауза од јавноста и настапите и овозможи да ужива во првите месеци на мајчинството без брзање.

Шест месеци по станувањето мајка, Милица се врати на она што со години е нејзина работа и љубов – музиката и настапите. Последните два месеца повторно работи со полна пареа, а деловните обврски се се побројни. Сепак, враќањето на сцената донесе и нови предизвици, бидејќи сега секое патување е проследено со мисла на бебето кое ја чека дома.

Милица Тодоровиќ, Милица Тодоровиќ по породувањето
Instagram

-Секогаш кога одам од дома само на часовникот гледам. Нормално е детето да се разболи, не можеш да го држиш под стаклено ѕвоно, рече Милица.

милица тодоровиќ, Милица Тодоровиќ пејачка, милица тодоровиќ вера, татко на Милица Тодоровиќ, пејачка Милица Тодоровиќ, семејство
Немања Дедовиќ

-Знаеш, кога одиш кај психотерапевт – не знам дали си некогаш одела, јас одам редовно – веднаш почнувам да плачам“, искрено рече пејачката во емисијата „Stars TV Show“.

Тодоровиќ и претходно отворено зборуваше за тешките периоди низ кои поминувала, а овој пат уште еднаш покажа дека нема потреба да ги крие емоциите и темите кои длабоко ја погодуваат.

Милица Тодоровиќ призна дека целосно се препушта на емоциите

-Кога се заљубам, јас сум будала“, рече низ насмевка и истакна дека ова е прв пат во емисија да зборува за синот.

-Ова е прва емисија откако се породив во која толку зборувам за бебето. Ми беше тешко, никој не ме праша што е вистината, рече Милица која претходно призна дека не и е лесно да ја врати посакуваната тежина.

– Не е баш лесно, затоа што сè уште се враќам во форма, сè уште треба да изгубам и на тежина, хормоните сè уште работат, што е природно. Жените ќе разберат што се тоа хормони, но најтешко ми е што морам да се одвојам од бебето кога одам на концерт – рече Милица, па додаде:

– Тешко е, но тоа е мојот живот и мојата работа и тој ќе го разбере тоа кога ќе биде малку поголем. Успевам некако да ги усогласам сите свои обврски… Среќна сум.


Извор: Story.rs

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Мјузиклот „Dirty Dancing“ ќе се прикажува на Бродвеј во 2027 година!

Мјузиклот „Dirty Dancing“ доаѓа на Бродвеј! Иако шоуто постои веќе две децении, никогаш не…