Home Живот и здравје Дали индустријата за убавина остана без нови идеи? Случајот со „eye patch“ маските кој предизвика дебата за оригиналноста

Дали индустријата за убавина остана без нови идеи? Случајот со „eye patch“ маските кој предизвика дебата за оригиналноста

Индустријата за убавина повторно се соочува со прашањето: колку од она што ни се претставува како иновација е навистина ново? Овој пат, повод се брендовите Fenty Skin, Glow Recipe и Huda Beauty, кои во рок од само неколку дена претставија речиси идентично пакување за eye patch маските. Ова брзо стана вирална тема, а може да се каже дека зад целата приказна се крие многу поинтересен поглед на тоа како настануваат козметичките иновации и што денес навистина разликува еден бренд од друг.

индустрија за убавина
@yoselinpz_

Индустријата за убавина под лупа: Како три бренда завршија со речиси ист производ?

Сè започна на 17 септември оваа година, кога Fenty Skin го претстави својот нов производ, Dew N Plump Fresh-Sliced Hydrogel Eye Patches. Наместо класична кутија со веќе исечени eyepatch маски, производот доаѓа во цилиндрично пакување со механизам кој се врти и отсекува поединечна маска од поголем дел хидрогел. Идејата е едноставна, но многу практична, бидејќи секој пат кога го вртите капачето, добивате свежо отсечен дел од маската подготвен за употреба.

Само неколку дена подоцна, внимание привлече и Glow Recipe со производот Exopeptide Caffeine Fresh Slices Eye Mask, кој користи речиси идентичен систем. Наскоро потоа во оваа приказна се најде и брендот Huda Beauty со најавените Undereye Jelly Patches. 

Сличноста на амбалажата и начинот на дозирање беше повеќе од очигледна, што корисниците на социјалните мрежи почнаа да ги споредуваат производите и да поставуваат прашање дали станува збор за копирање. 

Сепак, постои важен детал. Не сите три производи завршија на пазарот. Fenty Skin го претстави својот производ како новитет, но на официјалната страница сè уште е означен како производ кој допрва доаѓа. Huda Beauty, во меѓувреме, се откажа од лансирање на својата верзија. 


Извор: Lepota i Zdravlje

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Хороскоп за 7 октомври 2026: Шкорпијата гледа она што другите не го забележуваат

Хороскопот за 7 октомври 2026 носи ден во кој многумина ќе имаат потреба од малку повеќе в…