Еве зошто не станале на химната


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако американската јавност ја разбранува и изреволтира недоличната реакција на Џеј Зи и Бијонсе со нестанувањето при интонирањето на американската национална химна за време на годинешниот Супербоул, се огласи славниот рапер кој апелираше дека со овој потег тие не сакале да упатат никаква политичка порака (како што го толкуваа некои).

Џеј Зи при неговото гостување на универзитетот Колумбија, меѓу прашањата кои ги доби од универзитетски професор, беше и тоа дали тој и неговата сопруга испратиле какви било пораки кога не станале за време на химната, пренесува TMZ.

„Не, навистина. Жал ми е”, рече 50-годишниот музичар, кој неодамна потпиша профитабилно партнерство со NFL.

„Навистина ја гледавме претставата“, објасни тој. За него и Бијонсе во фокусот било да се види настапот на Деми Ловато од професионална гледна точка, вели тој, додавајќи дека тие разговарале за нејзиниот настап и не сфаќале дека не застанале.

Тој додаде дека дефинитивно не станувало збор за тивок протест од каков било вид, велејќи дека најгласниот протест веќе се случил со изборот на расно и културно разновидни уметници кои настапиле на полувремето, пред сè Џенифер Лопез и Шакира.

Инаку, за настапот на Деми Ловато славната брачна двојка имаше само пофални зборови.