12 бањи, 8 спални и базен кој го запира здивот – раскош од 53 милиони долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Конзолниот дом“ е неверојатен имот кој себеси можат да си го дозволат само супербогатите луѓе, бидејќи една ваква куќа чини вртоглави 53 милиони долари.

Просторно е поделена на 8 спални соби, 12 бањи, две трпезарии, четири тераси, вински подрум и кино, како и базен кој се наоѓа на последниот кат и преминува во водопад.

Во гаражата има место за шест автомобили, а за забава се направени и два бара, еден внатрешен и еден надворешен.

Луксузната куќа е дизајнерско решение на аризонската компанија „Next Generation Living Home“, а оттаму се надеваат дека следната година вакви градби ќе изградат и во Шпанија, Италија или Монако.

Архитектите кои го имаат потпишано дизајнот истакнуваат дека ваквите градби треба да бидат лоцирани на некое повисоко место со цел сопствениците да имаат фантастичен поглед на градот.